„Благословени сме веќе 10 години да го гледаме Никола. Малку играчи можат да го прават ова секоја вечер. Другата неверојатна работа е тоа што го прави да изгледа многу лесно. Она што го сакам кај него е и следново. Сте го виделе ли некогаш да слави или да прави нешто лудо? Трипл дабл. Си ја врши работата, а колку е скромен. Имам многу среќа што сум во ова патување 10 сезони со него“.
10 меча, 6 трипл дабл учиноци или 136 во кариерата само од регуларниот дел од сезоната, како што ги сметаат одделно статистичарите во НБА. Со се плејоф се 154. Мајк Мелоун после триумфот викендов против Мајами, вели вака.
Богдан Богдановиќ одигра блескава партија со 40 поени од кои 10 тројки, а на победата се радуваше Никола Јокиќ. Реченица која е доволно силна за една од темите на пресот после мечот меѓу Атланта Хокс и Денвер Нагетс да биде токму она што го прават играчите од нашиве простори во најсилната лига во светот. Мајк Мелоун објасни зошто е тоа така.