„Завист“ звучи како маана, и „народски“, и верски - сите поголеми религии ја сметаат за грев и карактеристика на нечисто срце. Па сепак, колку и да изгледа општествено корозивна, таа била вообичаен дел од човечките општества со милениуми. Работата е што тие, многу подобро од нас, знаеле како да ги искористат нејзините конструктивни страни.