Првиот и веројатно последниот композитор и изведувач на тн. „континуирана“ музика, изгледа како руски монах, а со пијаното ракува како кунг-фу мајстор. 19.5 ноти во секунда е неговиот рекорд на брзо свирење, но тоа не е само прост егзибиционизам. Наскоро во тоа ќе се увериме на негов концерт во Скопје.