Нов неверојатен кам бек на Новак Ѓоковиќ кој во 3. коло на УС Опен го елиминираше својот сонародник Ласло Ѓере после негатива од 0:2 во сетови. 38-от тенисер во светот го имаше најјакиот поен на мечот за што заслужено беше награден со овации.
Во сенка на големиот Новак Ѓоковиќ кој ги поместува границите во тенисот, публиката малку знае за Ласло Ѓере, српскиот тенисер кој освои титула во Сао Пауло и ја шокираше јавноста со изјавата кога ја прими наградата.