Таг: квалификации за мундијал 2018

Македонија не ги издржа 15-те минути во Скадар

По два дена фудбал, македонската фудбалска репрезентација се враќа поразена од Албанија. Третото полувреме од мечот против дебитантот на Европските првенства ова лето траеше кусо и кобно по голот на Захов.

120 Македонци вратија за химната со поблага мера

По редовниот декор со знамиња од тн. „Голема Албанија“ меѓу кои имаше знамиња со ликот на Џемаил Хасани познат како Џем Хаса, Џемо Балистот и Џемо Симница, познати припадници на албанското герилско движење „Национален Фронт“ кој во Втората светска војна се борел на страна на фашистите, следуваше громогласно исвиркување на македонската химна. Од таа причина, околу 120 македонски навивачи кои седеа на западниот дел револтирани го свртеа грбот при интонирање на албанската химна.

Ќе замижат ли за ова ФИФА и УЕФА?

Дрско и гласно свирење на македонската химна од почеток до крај, истакнување слика со Џемаил Хасани кој бил познат како платеник во втората светска војна да убива партизани и подготвени транспаренти со имиња на македонски градови од западна Македонија што асоцира на идејата за голема Албанија.

Македонија извади реми во Скадар кое ќе треба да го доигра

Првиот квалификациски натпревар за СП Русија 2018, за македонската фудбалска репрезентација траеше 75 минути. Силното невреме го примора турскиот судија да ја прекине средбата меѓу Албанија и Македонија при резултат 1:1. Преостанатите 15 минути ќе се играат утре.

Новиот змеј од Бразил

Габриел Џезус е новото чудо од бразилскиот фудбал. Роден е на 3. април 1997 година, игра за Палмеираш, но од јануари следната година ќе стане член на Манчестер Сити. Беше главен во освојувањето на Олимписките Игри со Бразил, а синоќа на дебито за сениорскиот состав даде два гола против Еквадор на гостински терен, во квалификациите за СП 2018 во Русија.