Во сезоната 2009/2010, Лацио ги отстрани од првиот состав Горан Пандев и Кристијан Ледезма, затоа што одбија да продолжат договор со римскиот клуб. Пандев се снајде, Аргентинецот не.
35-годишниот Кристијан Ледесма во дресот на Ривер Плејт имаше одиграно 110 натпревари за 7 сезони, но немаше постигнато ниту еден гол. Сè до вчерашниот дуел со Куилмеш кога постигна и тоа како добар гол со кој ја најави првата титула на Ривер од 2008-та година.