Едната лекција е околу апсурдноста што луѓе и тука успеаа да најдат белечки расизам. Втората е за нешто многу поважно околу конкретниот инцидент и општо правило за во живот: ако можеш да зашамараш некого и да му свртиш грб и да си отидеш, тоа е сигурен знак дека од старт не си требал да го удриш тој човек.
Шамарот што се слушна ширум светот, во сред нешто што беше прилично строга оскаровска церемонија. Крис Рок излезе да додели Оскар за најдобар документарец, и баш како кога го водеше настанот во 2016, ја закачи Џејда Пинкет Смит за избричената глава и кажа дека „едвај чека втор дел од Џи Ај Џејн“ (Пинкет Смит има алопеција). Она што следуваше фрли сенка на целото шоу.
За два стенд-ап специјали плус правата за неговиот серијал „Комичари во кола пијат кафе“ Нетфликс на Сајнфелд му исплати 100 милиони долари. За споредба, ХБО отприлика истите пари ги даде за целата 6-та сезона од Игра на тронови.
Луи ЦК, Рики Џервејс, Крис Рок и Сајнфилд, седнати сред дневна (студио) и разглабаат еснафски работи, општо за комедијата - како да работиш, што очекува публиката, што е смешно, што треба да кажат.