За прв пат по иранскиот напад од 8-ми јануари, американската армија им дозволи на медиумите да влезат во Аин ал-Асад воената база во Ирак. Во базата се сместени 1.500 американски и сојузнички војници. Ниту еден од нив не е повреден во нападите.
Како што минува време така објаснувањето на американската администрација за убиството на иранскиот генерал станува се понедоследно, до ниво што почнува да потсетува на времето кога на Ирак му измислија оружје за масовно уништување.
По наредба на Трамп, а без никаква консултација со Конгресот, американската армија изврши атентат врз генералот на елитните Кудс сили во склоп на Исламската револуционерна гарда на Иран и неофицијално вториот човек по моќ во земјата.