Секој голман знае дека прв услов да станеш голман е да знаеш добро да паѓаш. Малиот Џиџи научил рефлексно да се фрла и да паѓа зимно време на снег во куќата на чичко му, а на лето постарите сестри го терале да трча со врзани раце по плажа каде ги дерел колената.
Џиџи Буфон настапува за Јувентус веќе 12 години и не го напушти клубот дури и во најтешките времиња, а навивачите го сметаат за еден од нив, но тој не навива за италијанскиот шампион. Во неговот срце има место само за четвртолигашот Карарезе.