Играше за Милан (2006-2008) и беше сметан за многу талентиран плејмејкер, но за жал го мачеа повреди и сега на 33 години е без клуб по ланската сезона во Дижон. На меч против ПСЖ кога го носеше дресот против Бордо навистина заличи на Зидан. Погледнете, мозок им испи.
На денешен ден, 11 јануари 2009 година еден од најталентираните фудбалери во францускиот фудбал кого претходно во Милан повредите го спречија да покаже што знае, го постигна голот на кариерата.
Некогаш важеше за најдобриот плејмејкер во Европа, го споредуваа со Зидан, но на крајот му засметаа миланските светла, стана подложен на тешки повреди и кариерата не ги исполни очекувањата.
Јоан Гуркуф е познат по својот опасен шут и неговите голчишта од голема далечина. Пред некоја недела го имаше најдобриот непризнат гол во Лига Европа, а синоќа на натпревар од францускиот куп против Реимс ја скина мрежата од 30 метри.
Јоан Гуркуф од Лион на натпреварот против Бетис го постигна најдобриот непризнат гол во историјата на Лига Европа. Гуркуф ја затресе противничката мрежа со удар од пола терен, но за жал судијата само свирнал фаул пред тој да го упати шутот.