Не зборуваме за она кога имаш лош ден или си нерасположен затоа што е облачно. Станува збор за долготрајно пореметување на чувствата, мислите и однесувањето, чии последици се необјаснива тага и губење интерес за нешта кои некогаш радувале. Границата помеѓу овие нешта може да изгледа тенка, но има сигнали кои упатуваат дека е премината. И тоа во начинот на кој некој зборува.