Деновиве во словачките градови Михаловце и Требишов полицијата спроведе рација во која беа уапсени 7 Италијанци. Неколку дена претходно во Словачка беше убиен новинарот Јан Куциак, кој ја истражуваше словачката мрежа и операции на Ндрангета, вклучително и нивната вмешаност во сомнителни земјоделски зделки и врски со високи политичари.