Таг: јафа

Дали jафа е колаче или бисквита?

Непосреден повод за текстов е еден детски спомен. Од школо нè однесоа во „Ресана“, каде во занес ги гледавме чоколадните колачиња со желе од портокал (тогаш имаше само со таков фил) како шибаат на фабричката лента. Тогаш ни на крај памет не ни беше да се запрашаме - колаче ли е, бисквита ли е? Гледавме само како да џапнеме едно.