Хрватска има толку многу легендарни натпревари, што човек може книга да напише за тоа. Еден од нив беше против Англија на сред „Вембли“ кога славеа со 3:2 во квалификациите за Европско првенство 2008-ма. Олиќ, Модриќ и Петриќ танцуваа по теренот, а Сол Кембел тргна да скија.