По дефиниција, иселеник е човек кој привремено или трајно живее во држава која не е негова според раѓање, ама во пракса никогаш не сме слушнале вест со „Во Медитеранот потона брод со иселеници.“
Нашиве земаат ли земаат бугарски пасоши, и си заминуваат на запад. Деновиве чув дека во Битола направиле и некое предавање за начинот на кој најбрзо може да се дојде до пасапорта.
Не ме прашувајте како оди епархијата, има ли доста нашинци низ Европа. Не ме прашувајте оти не сакам да ви кажам дека нѐ има сѐ повеќе Македонци, но, надвор.