Таг: имиња на улици

Уличарење

Не сме одушевени од било чии намери да се менуваат називи на улици. Не заради парите и идеологиите туку затоа што тоа секогаш значи бришење на нечии спомени. Си проодел на ТАА улица, првата тепачка си ја имал на ТАА улица, првпат си се пољубил баш на ТАА улица. Таа улица била именувана по некој безначаен за Македонија? Sо what? Значаен е за сите кои растеле и шпартале по неа. Но, кога веќе си играме играчки, да пробаме да избуткаме некој наш предлог.