„Ние Македонците сами си се крадеме. Реагирав кон судијата, дали има очи да види што се случи, а тој ми вели `молчи, оти ќе те истерам`. Мене да ме истера, оти тој не досуди офсајд од четири метри. Косата си ја откорнав од нервози“.
Доаѓаат од ист град, играа заедно во репрезентацијата, играа заедно во Матерсбург, а тиквата се чини пукна некаде при престојот на двајцата во Вардар кога го прекинаа долгогодишното пријателство.