UNICEF секоја година организира хуманитарен натпревар во рамките на Soccer Aid за помош на болни деца. Годинава се играше на „Стемфорд Бриџ“ а меѓу ѕвездите што дојдоа беа Пирес, Роберто Карлос, Дрогба, Реднап, Симан, Карагер, Тери, Усеин Болт. Во еден момент Роберто Карлос одигра таква пета, што ретко ја прават и сè уште активните фудбалски мајстори.