На прв поглед изгледаше дека се поздравуваат, си честитаат и се канат на вино. Некоја секунда подоцна тренерите на Бенфика и Порто, Хорхе Жезус и Јулен Лупетеги се фатија за оделата како најголеми душмани. Мечот заврши 0-0, по што Бенфика ја задржа предноста од 3 бода во однос на Порто.