Во Јапонија постои здружение на автори кои пишуваат „хонкаку“, односно „автентични“, вистински мистерии. Традицијата на ваквата литература во оваа земја е долга, а во англиското говорно подрачје допрва се популаризира, со први преводи на повеќето од книгите.