Стандардното резиме на серијава како „инсајдерски поглед во револуцијата на персоналните компјутери“ може многумина да наведе на погрешен пат, дека за да ја гледаш треба да знаеш нешто за кодирање и програмирање. И не дека тоа не е плус, но главни во неа се сепак крајно привлечните ликови и нивните заебани меѓусебни односи.