Таг: холгер руне

Руне врати и зема поен на сервис од 235 км

Холгер Руне е четвртфиналист на Мастерсот во Шангај, откако го елиминираше Мпетши Перикар. Французинот во вториот сет испорача екстра силен сервис со брзина од 235 км на час. Погледнете го одговорот на Данецот.

Моќно филмско видео за „Слемот на шесте кралеви“

Карлос Алкараз и Јаник Синер ги елиминираа Холгер Руне и Данил Медведев во четврфиналињата на егзибицискиот турнир „Слемот на шесте кралеви“. Полуфиналните двојки се Синер - Ѓоковиќ, Алкараз - Надал. Домаќите ги пречекаа шестмината тениски асови со по 1,5 милиони долари само за учеството, а победникот во Ријад, Саудиска Арабија ќе си замине дома со мега премија од 6 милиони долари. За споредба, на УС опен како најбогат Гренд слем, шампионот заработува 3,6 милиони. Уживајте во филмското ремек дело Six Kings Slam направено во стилот на Game of Thrones.

Руне ја послуша мајка му и го загуби поенот

Интересна сцена фатија камерите на мечот меѓу Руне и Беретини на АТП турнирот во Шангај. Мајка му на Руне му сугерира на следниот сервис да се брани на форхенд, а Италијанецот му се сервираше на бекхенд. Само да му ја видите реакцијата. Инаку Руне победи 2-1 и се пласираше во трето коло.