Две недели по Манчестер, во Британија се случува уште еден терористички напад и се случува по веќе виден рецепт: комбе се влетува во толпа пешаци, по што од него излегуваат терористи со оружје во рака кои гледаат да убијат што е можно повеќе луѓе пред да бидат застрелани од полицијата. Нападот покажува дека станува збор за аматери, а не за џихадисти кои се вратиле од фронтот во Ирак или Сирија.