Еден твит, составен од 2-3 збора на генералниот менаџер на Хјустон, Дери Мори во кој повикува на поддршка на независен Хонг Конг беа доволни да се разгневи Кина. Таму на големо се кинат плакати, отстрануваат билборди и прекречуваат ѕидови поврзани со НБА франшизите ЛА Лејкерс, Хјустон Рокетс и други. Во четврток во Шангај треба да играат ЛА Лејкерс и Њу Џерси Нетс, ама како тргнала работава.