Ракометарките на Вардар ја оправдаа фаворитската улога против Хипо 37:25 (15:14), и се пласираа во главната фаза на ЛШ, каде за противник ќе ги имаат Будуќност, Букурешт и шведскиот Савехоф.
Ракометарките на Вардар убедливо славеа против Хипо, а разликата во класа ја покажа Французинката на голот на Црвено-црните, Амандин Лејно.
По воведниот пораз од Ѓер во Скопје, ракометарките на Вардар се консолидираа и со убедливи 13 голови разлика славеа против Хипо, 25-38.