Човекот кој мина повеќе од една деценија во бегство, јавноста повторно го виде во слика која потсетуваше на апсењето на Садам Хусеин - со лисици на рацете и опколен со војници. Сега стравот е дали и ова нема да промени ништо како што беше случајот со Ирак.
"Ел Чапо" Гузман, шефот на еден од најуспешните и најозлогласените нарко-картели во Мексико, кој паралелно со ужасите и стравот го создаде и еден од најефикасните синџири на снабдување во корпоративната историја.