Пред неколку дена грчката полиција добила повик за интервенција во предградието на Атина, Неа Смирни каде не се почитувале задолжителните здравствени мерки. Подоцна излезе видео на кое се гледа како припадници на полицијата брутално тепаат млад човек само затоа што не носел маска. Тоа ги разгневи граѓаните на Атина кои излегоа на протест.