Дарил Бакола од Марсеј (во Пештани има еден Бакуле, бивши фудбалер), уште на 17 години не ја учи лекцијата како што треба. На мечот против Њукасл, на голема сцена наречена ЛШ, паѓа од контакт со воздухот. Треба една рубрика да им отвориме на овие.
Го гледаме колегата на Миовски, Алехандро Франсес, како и ироничната насмевка на Флик и потоа што да видиме во Унгарија и тоа во прва лига. Неверојатно. Кој од кој побанален. Одиме со двете видеа. Второто е бетер. Се работи за Бразилецот Матеус Салдана од Ференцварош. Како не им е глупо кога ќе гледаат хајлајтс?
Тешко клише е муабетот дека само Жабарите се тегнат по терени. Да фатиме да направиме топ листа само од тоа што ние сме објавиле, ќе ни искочат едно 300 пацери од 30 лиги. Џонџо Шелви од Нотингем Форест го пратија на шиење после мечот со Фулам. Топката му ја дупна главата.
Базел синоќа славеше 3:1 против Хамарби од Шведска во квалификациите за Конференциската лига, ама овие двајца торковци воопшто не се прославија убаво. Каков е бре овој однос кон спортот? Синхронизирани и папетични глупаци.
Нема спас од ова талентиве кои на сите камери, технологии и ВАР соби не престанаа со театралности кои не им поминуваат. Напротив, служат за потсмев. Погледнете го несреќников на Рајо, го скрши вратот да види каде е топката и кога сфати дека ја загуби се фати за нос.
Кристијано Роналдо го закачна малку Фернандо Ицо со лакт на дуелот Торино - Јуве, а овој легна да се витка на земја, како бубрег да му извадил. Тешка патетика е ова и скроз погрешен пример за младите. Не бидете црепови, кога 20 камери има и ќе се види дека се брукате.
Рами Бенсебаини од Алжир дефинитивно заслужува дебела суспензија бидејќи оваа снимка е срамна за сите пари. Му ја зема раката на Заха да се поудира по фаца и потоа падна ко покосен како да го тепале со боксови. Е не сме виделе вакво нешто до сега. Инаку Алжир го доби четвртфиналето против Брегот на Слоновата Коска на пенали.
Габриел Барбоса познат како Габигол од што се покажа како толку добар отиде на три позајмици за две години по заминување од Интер, кој џабе фрли 30 милиони евра за него. Погледнете какви маки си има човекот, да не сте му во кожа. Инаку игра за Фламенго.
Голман од Виетнам имаше најобична тренинг интервенција, а потоа лежеше на земја мислиш колено изместил. Глумата ја плати најскапо што можеше. Судијата досуди индиректен удар поради држење на топката повеќе од 6 секунди и потоа падна гол за кој голманот манипулатор треба да јаде заушки.
Едно од најсрамните, ако не и најсрамно глумење сезона во ЛШ е ова на Жорди Алба. За Барса играш бе цреп, не ти е глупо ова да го правиш? Плус судијата беше на 20 сантиметри до него, а му се сипаа и од публика. Не доби ни жолт картон. Бљак веќе од ова глумиве.
Стивен Бергхуис веројатно е најголемиот срам во историјата на Феенорд и холандската репрезентација. Покрај федерацијата, висока казна треба да му стегне и самиот клуб. Само бокс да си удреше сам на себе ќе беше полошо од ова.
Средношколската американска кошарка не е извор само за идни Џордановци, туку и на оскаровци кои тешко дека ќе просперираат во кариерата со вакви потези. Мислиш некој го гаѓал со снајпер. Дете очај ти е потегов.