Стево Ченеец го удира гром, нежно, ко рака. Стариот Несторов, госпо’н Чедо и уште еден, садат липа чија сенка нема да ја дочекаат. Убавата ќерка на попот се капе во реката вознемирувајќи ги барските птици. Васа Ладачки не е со онаа која ја сака. Во авлијата, под густата крошна играат други деца. А некој од горе гледа сè.