На 18-ти март Унијата и Турција потпишаа договор за ограничување на дотокот на мигранти од Турција во Грција. За ова Турција, меѓу другото, ќе добие милијарди евра од ЕУ, а за возврат последните извештаи покажуваат дека бројот на нови мигранти во Грција е намален за 90%. За Ги Верхофстат, поранешниот премиер на Белгија, договорот не е победа за ЕУ.