Во осминафиналето од Лигата на шампионите дури три дуели се меѓу англиски и германски екипи: Тотенхем - Борусија, Ливерпул - Баерн Минхен и Шалке - Манчестер Сити. По тој повод германското министерство за надворешни работи твитна: „Драги Британци, ние ве сакаме... Ама во осминафиналето од Лига на шампиони сме за снажен Брегзит, без задршка“.