Таг: фудбалско првенсто на египет

Е многу си глуп

Во Египет падна чист гол (речиси падна) кој во последен момент судијата го поништи. Кога топката стигна на гол линија соиграч на стрелецот место да ја остави, непотребно ја заби. Каде е проблемот? Епа во офсајд беше, ќе сконтате од забавената снимка.

Кој ќе користи Фејсбук или Инстаграм ќе остане без пола плата

Мортада Мансур, претседателот на еден од најпознатите клубови во Египет и општо во тој дел од светот, Замалек, ги собрал сите играчи и тренери и им рекол дека тој што ќе има профил на социјалните мрежи Инстаграм, Фејсбук и слично, ќе му биде намалена платата за пола. И ќе бидете казнувани за секој нов пост на тие мрежи.

Приказна за голманот на Египет кој брани на 45 години

Татко му имал пристојна работилница и секој ден му трубел или да седне да учи или да помага со работата. Ама малиот Есам сакал само едно нешто да брани и тоа да брани без ракавици.

Во Египет веројатно падна голот на сезоната

На мечот Ал Итихад - Енпи од египетското првенство кој заврши 1-1, домаќините поведоа со неверојатниот гол на Калед во 63’ минута. Сигурно влегува во најтесен избор за гол на сезоната.

Најлудиот фудбал на Земјината топка се игра во Африка

Неодамна пишавме за наградата 5 гига Интернет што ја добива најдобриот играч на мечот во едно африканско првенство, но тоа и не е така лошо ако се види што сè не се случува во тамошниот фудбал.

Во Египет важат некои други правила

На меч во египетското првенство, при резултат 1-1 во 86. минута еден од напаѓачите истрча во контра сам пред противничкиот голман кој мртов ладен 10 метри надвор од шеснаесетникот одбрани со раце, а судиите се направија дека ништо не виделе. А што е најчудно никој од играчите не се бунеше.