Габриеле Гори е фудбалер на плажа, игра за тимот на Вијареџо и за италијанската репрезентација во фудбал на плажа. Голот кој го дал во 5. коло од Серија А меѓу Вијареџо и Катанија е сензација.
44 годишниот Жоргињо се повлекува од фудбал на плажа како трет најдобар стрелец со 315 голови на 303 меча за својата земја. На неговиот проштален меч меѓу Бразил и Јапонија, чест му прави Роналдињо. Понатаму сами ќе си видите.
Португалецот Маџер кој има 38 години тргна од центар со жонглирање, направи 13 и на крајот ја заби како на флипери. Ваквите видеа се гледаат, не се објаснуваат многу.
Еден од поатрактивните спортови на Европските игри во Баку (Азербејџан) е и фудбалот на плажа. Голот на Унгарија против Шпанија ќе ви биде од корист во случај летово да се решите да шутирате топка на некоја плажа.
Ако ФИФА направи исклучок и реши да номинира еден гол од фудбал на плажа за Пушкаш наградата за најдобар гол на годината, тоа дефинитивно е оваа мајсторија на Бруно Ксавиер.