Колку и да звучи чудно, човекот не може глава да крене од нарачки. Има поединци на коишто флопи дисковите им требаат за уметнички проекти, но има и големи индустрии како авионската или медицинската кои ги купуваат на илјадници. Како и да е, тој вади леб од нешто што ние одамна сме го отпишале како отпад.