Девојкава има толку сенс за фудбал што комотно би можела да им држи лекции на многу преплатени фудбалски ѕвезди. И внатрешна, и надворешна и фелш и дриблинг, комплетна надареност.
Животни во природа (нешто како некогашните гоблени „коњи на поило“), познати архитектонски зданија, па дури и некои добиени како рекламен материјал кои дремеле по фиоки чекајќи го овој момент. Сега му е мајката да редите сложувалки.
Еден, двајца, па тројца со се голманот и тоа со лудачки финти. Таму е крајот на салата, инаку да имаше место и голот ќе го издриблаше и ќе тераше уште.
На толку нови финти кои излегоа со топка по улици, редно време е Меѓународниот Олимписки комитет да седне и да размисли за нешто вакво. Ќе има мастраф, пази ова.
Може нема да ви требаат сите, ама тие што ќе ги одберете навистина ќе ви се најдат. Тоа со каблите во кутија и додатокот за правосмукалка за чистење тастатура, чиста брилијантност.