Таг: федерика брињоне

Трката за второ злато на неверојатната Брињоне на која и се поклонија ривалките

Бајката на Федерика Брињоне на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина 2026 продолжи. По супервелеслаломот, победи и во велеслалом и стана двоен олимписки првак после страшна повреда и голема неизвесност за настап. Трката ја заврши со време од 2:13,50 минути, а сребрени медали освоија Швеѓанката Сара Хектор и Норвежанката Теа Луизе Сјернестунд, кои имаа идентично вкупно време.

Херојскиот супервелеслалом на Федерика Брињоне вреден злато

24 скијачки не успеаја да ја завршат трката на тешката патека со многу ветер. 35 годишната Италијанка ги занемари временските услови и после ужасна повреда која и ја загрози кариерата, блесна на патеката „Олимпија деле Тофане“.