Навивачите на Олимпик Марсеј му приредија викендов дивјачки пречек на Лион, а работата до толку излезе од контрола, што мечот не се ни одигра. Најдебелиот крај го изеде стратегот на гостите Фабио Гросо, кој завршил со 13 конци.
Нема Италијанец кој не ја памети шампионската прослава на Фабио Гросо која со години се прикажува на најавните шпици. Прослава вредна светска титула. Овој малку подзаборавен лик, повторно стана актуелен.
Се сеќавате ли на драмата од полуфиналето на СП 2006 меѓу Италија и Германија која ја решиja Гросо и Дел Пјеро во 119-та и 121-ва минута? Каков финиш беше тоа, на г`з да паднеш.
Четвртфиналниот дуел меѓу Италија и Германија не е единствениот повод да се вратиме на претходниот нивни меч на кој имаше продолженија, туку тоа си го стори и јубилејот од точно 10 години.