Селекцијата на САД се прошета во Ц групата на кошаркарскиот Мундијал. +27 против Нов Зеланд, +28 против Грција и +48 против Јордан. Забиваа колку што сакаа и од каде сакаа. Првиот стрелец на денешниот меч со 22 поени, беше една од главните ѕвезди во тимот, Ентони Едвардс кој нема милост кога треба да се крене под кош.