Иако во Зимбабве во моментов владее тотална конфузија околу статусот на Роберт Мугабе, извесно е дека ни тој ни неговата амбициозна сопруга нема да ја водат земјата. Пред да му се израдуваме на братскиот народ што се ослободи од диктаторот кој 37 години се залепи за лидерската фотеља, да видиме кој тоа го наследува.