Седум години подоцна и 10 пати над предвидениот буџет, салата на Елбфилхармонија е завршена. Современа европска градба без преседан кога станува збор за амбицијата и потрошените пари - 789 милиони евра - таа сега е предмет на проучување и восхит. А за авторите, знак дека сепак успеале да си го надживеат делото кое се заканувало дека ќе ги убие.