Подгрупата на навивачите на Партизан, Гробари Никшиќ претпладнево се сликаа со знамето на својата група пред стадионот Елбасан Арена во Албанија. Мечот нема да го следат во живо заради забраната за гостински навивачи, но и од многу други причини.
Квалификацискиот натпревар од групата И меѓу Албанија и Србија се игра на 8-ми октомври во градот Елбасан, а веќе се крчкаат игрите кои немаат многу нешта со фудбалската топка.