Егзон Бејтулаи беше изненадувањето во составот на Мрме. На фудбалерот на Шкендија на Википедија му стојат само пет репрезентативни настапи. Синоќа против Словенија доби задача да ја засили одбраната на сметка на Трајковски кој беше дел од офанзивната постава против Летонија. Треба сите колеги рака да му пружат за оваа пожртвуваност. Чист гол спаси.