Таг: е-книги

Aпокалипсата на е-книгите на Мајкрософт

Да поседуваш нешто, и да купиш дозвола која овозможува пристап до тоа нешто, се две различни работи. Тоа сега на груб начин го разбраа корисниците на е-книгите на Мајкрософт. А наскоро може да го разбере секој со пристап до кој и да е сличен сервис, за филмови, книги или музика.

Изгледа нема леб од електронски книги

Откако издавачите и писателите го направија есапот, останаа аналогно зинати пред фактот дека е-книгите сепак не ја однесоа најавуваната победа врз нивните хартиени верзии. Додека за некои компании ова е лоша вест, за други тоа е само сигнал дека треба да почнат да си ги шират магацините.