Задолжителен гол од божиќните натпревари во Премиер лигата е оној на Џордан Ају. Репрезентативецот на Гана не само што му донесе победа на Кристал Палас во 90-та против Вест Хем, туку и погледне како го изведе тоа за конечни 2:1.
Ако од 1982 година го анализирате составот на Гана, едно исто презиме ќе среќавате постојано. Тоа е Ају, фамилијата која од колено на колено го облекува репрезентативниот дрес и на која играњето на Купот на Африкански нации им е традиција 35 години.