Откако по багателна сума беше даден Бостон Глоуб (за 6 проценти од цената по која беше купен), сопственоста ја промени уште една икона на американскиот медиумски простор, Вашингтон Пост, штотуку купен од првиот човек на Амазон. Џеф Безос не знае што ќе прави со него, ама му се експериментира.