Таг: дриблинзи

Едниот го прати по хамбургер, а другиот по крем банани

Фудбалерите на Брентфорд беа доста расположени за мајмунлаци, а тоа најдобро го осети на своја кожа КПР.

Ај оди лечи се

Еден, двајца, па тројца со се голманот и тоа со лудачки финти. Таму е крајот на салата, инаку да имаше место и голот ќе го издриблаше и ќе тераше уште.

Пола Африка пати од кичма ради овој

Првиот лазеше како куче, вториот не се ни потруди да му ја земе, а третиот е на физикална терапија за цел р`бет. Африканецот Масибусане Ѕонго е неарен со дриблинзиве. Роналдињо виде ли тоа ова?

Колку само кичми скршија овие две легенди со тој потег

Дриблингот на Кристијано Роналдо против Еспањол беше инспирација некој да седне и да направи компилација од потези со тоа типично изместување на играч, својствено за Роналдо и Роналдињо. Колку само моќно изгледа видеово со двајцата цареви.

Најдобрите трикови во историјата на Премиер лигата

Кога Окоча, Роналдо, Анри, Робињо, Нани, Гигс, Ди Канио и останати вакви имиња ќе се најдат во едно видео, тогаш се добива најатрактивниот можен производ кој може да го видите. Секоја чест за тој што успеал на едно место да искомбинира вакви магии од Премиер лигата.

Ноември низ призма на голови и мајсторски потези

Имаше што да се види минатиот месец во фудбалска Европа, па и пошироко. Од слободниот удар на Меси против Колумбија, волејот и пасот на Погба, дриблингот на Караско, рабоната на Пероти. Уживајте.

Кога дедо ти ќе дојде на игралиште

Моментот кога дедото проаѓа додека внукот игра во маало и топката стигнува до него. Светскиот шампион во фристајл дриблинг Шон Гарние се маскирал во постар дедо и доаѓа на еден терен каде на луѓето не им се верува што прави со топката.