Посетата на земјава на принцот и принцезата од Хунза кои на скопскиот аеродром беа пречекани со највисоки државни почести, во сенката на сè што се случи последниве 11 години од тогаш, изгледа како откачен перформанс. Митските настроенија на претходната власт се наводно сузбиени, а идејата за Голема Македонија е заменета со онаа за мала Северна. Но таквиот прогресивен процес не оди така лесно кај соседите.