Дорис Лесинг е една од авторките кои би сакале да сме ги познавале, не само преку нејзините книги (особено „Златната тетратка“), туку и лично. Луцидна и тотално кул, таа пред неколку дена почина спокојно во 94-тата година. Меѓу другото ќе остане запаметена по нејзиниот однос кон големите награди и почести кои ѝ ги нудеа.