Таг: дени ингс

Го видовте ли голот на месецот во Премиер лига?

Астон Вила после 3 кола има по 1 победа, 1 нерешена и 1 пораз во Премиер лигата. Гол разлика 5:4, а од петте гола два даде 29-годишниот Дени Ингс кој игра во одлична форма и се врати во англиската репрезентација. Голот кој го даде против Њукасл со полу-ножички е прогласен за гол на месецот во Премиер.

Дени Ингс ужива да фрла голмани со евроголови

После толку време во Ливерпул и Барнли некој би помислил дека англискиот шпиц има 30 и кусур години и е пред пензија. А тој има 28 години и сезонава блеска: 5 гола и 2 асистенции во 7 кола за Саутемптон кој во моментов е на место кое води во Европа.