Таг: дејверсон

Бразилска будалаштина на денот

Се сеќавате ли на Дејверсон? Како ли трпеле ваков циркузант во Португалија, Германија и Шпанија? Додуше не дека за гиганти настапувал, туку за Белененсес, Келн, Леванте, Хетафе, ама сепак. Во Палмеирас се глупираше исто, а сега и во Атлетико Минеиро.

Дејверон од Палмеирас е врвот за глума во фудбалот

Мислевме дека сме ги виделе сите можни смешни или патетични обиди за да се дојде до еден фаул или фаул за пенал, ама ќе се појави некој ваков лик и ќе те демантира. Го имаме херојот на колото, кој истовремено е и тежок пациент.

Заборавете на Нејмар, во Бразил има еден што глуми за Холивуд

Главниот симулант во бразилскиот фудбал - Дејверсон од Палмеирас и официјално ја зема наградата „најдобар глумец“ меѓу фудбалерите од Нејмар.

Еден фудбалер прашува кога има аудиција во Драмски

Се вика Дејверсон и игра за трофејниот бразилски клуб Палмеирас. На гостувањето кај Спорт Ресифе каде што неговиот тим победи 0-1 беше толку патетичен што и своите навивачи се срамеле од реакцијата.